Advertisement
Земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран денеска во округот Ерзурум, источна Турција, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турција, повикувајќи се на владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Advertisement
Земјотресот се случил во 16:11 часот на длабочина од 7,01 км. Епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Карачобан.
Засега нема информации за материјални штети или повредени од земјотресот, но земјотресот предизвика паника кај луѓето.
Advertisement