Гори Кримскиот мост, за украинските власти ова е само почеток

news
Advertisement

Експлозија и пожар го оштетија Кримскиот мост, што ги поврзува Русија со окупираниот Кримски Полуостров рано на 8 октомври. Сообраќајот по мостот е прекинат.

Advertisement

Властите во Москва велат дека станува збор за бомбашки напад со автомобил, а висок соработник на претседателот на Украина сугерираше дека е нов удар од Киев.

Во меѓувреме, Киев минатата недела забележа придобивки во пресметките со Русија во источна и јужна Украина, а руските сили по повеќе од еден месец имаа придобивки во источниот регион Доњецк околу Бахмут.

Видеото споделено на проукраинските социјални мрежи покажува дека беснее пожар на железничкиот дел од мостот и како пропаднала дел од една коловозна лента за патен сообраќај. Мостот служи и за патен и за железнички сообраќај.

Руските новински агенции го цитираат антитерористичкиот комитет според кој утрово на патниот сообраќај на Кримскиот мост експлодирала автомобил-бомба, при што се запалиле седум танкери со нафта кои со железница се пренесувале а за Крим.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на социјалната мрежа Твитер напиша твит во кој сугерираше вмешаност на Украина. Тој го нарече инцидентот на мостот „почеток“, но не презеде одговорност од Киев.

„Крим, мостот, почеток“, твитна Подољак на англиски.

„Сè што е нелегално мора да биде уништено, сè што е украдено мора да се врати во Украина, сè што е окупирано од Русија мора да биде протерано“, напиша Подољк на Твитер.

Мостот стар три години стана симбол на рускиот реваншизам и се користеше за пренос на војници, оружје, опрема и гориво од Русија во Украина за време на сегашната инвазија.

Руските медиуми и каналите на Телеграм објавија дека сообраќајот е запрен на мостот по информациите од Украина за огромна експлозија таму околу 6:00 часот по локално време.
Мостот Керч е најдолгиот мост во Европа и имаше за цел да ја консолидира руската контрола врз Крим. Русија го анектираше Крим од Укрина во 2014 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.