„Го пратиле дедо в планина…“, многу стари лица во Македонија оставени сами

news
Advertisement

Голем број млади ја напуштија земјава во потрага по подобар живот, оставајќи ги зад себе своите најблиски, родителите. Многу од нив се веќе во години и нема кој да им тропне на врата за да им помогне во секојдневните работи. Дел од нив почнале да ја користат бесплатната услуга што ја нуди Министерството за труд и социјала во соработка со општините, посети на негуватели во домовите за стари лица. Еден од корисниците на оваа услуга е и 90-годишниот Методија Димевски од Скопје. Тој е татко на две ќерки кои живеат во странство. Вели дека негувателката му помага многу.

Advertisement

Кога ќе дојде пладне, Методија го очекува доаѓањето на Јулијана, која е негова негувателка веќе една година. Му помага во домашните работи и за социјализација.

Најголем број корисници на оваа услуга има во Крива Паланка, 69, во Берово 64 и во Центар Жупа 58. Од првиот јавен повик на министерството биле реализирани 22 проекти во 27 општини. Од нив, најголем број, 16, се пријавиле за посета на домовите за стари лица. Негувателите, чиј број достигна 247, се лица од социјално ранливи категории, кои ја поминале потребната обука. Освен за постари лица, од проектите од оваа социјална реформа корист имаат и децата со попреченост, старите во дневните центри, како и лицата со попреченост на кои им е потребна рехабилитација. Овие услуги ги користат околу 700 граѓани./Alsat.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.