Грдотија во центарот на Скопје, многу објекти со години стојат незавршени

news
Advertisement

Веќе 15 години центарот на Скопје изгледа вака, како градилиште.

Advertisement

Со промената на Владата пред 8 години, се прекина започнатите проекти во рамките на проектот Скопје2014, при што многу објекти останаа незавршени, а поради тоа е нарушен и естетскиот изглед на градот , многумина коментираат дека објектите изгледаат како да имало војна.

„Зградите зад мене во центарот на Скопје со години се во иста состојба и работите не се завршени, изгледа дека и во иднина ќе продолжат да го нарушуваат имиџот на градот“, јавува репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Граѓаните велат дека треба да се преземат мерки за да се завршат што поскоро работите или да се најде некое друго решение.

Ниту галиите на реката Вардар не се во подобра состојба, дури и таа која што почна да се руши од претходната управа на Град Скопје, сега е оставена како отпад во реката. Од новото раководство на градот се уште не е направено ништо.

Од Владата ни рекоа дека објектите не се во нивна надлежност. Прашавме и во Град Скопје и општина Центар дали ќе се направи нешто за да се промени изгледот на центарот на главниот град, но и по една недела чекање не добивме никаков одговор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.