СДСМ и опозицијата ја коментираат изјавата на министерот Османи: „Доколку се врати, Груевски ќе оди во затвор“

news
Advertisement

Штом стапне во Македонија, Никола Груевски ќе оди во затвор, вели портпаролот и пратеникот на СДСМ, на прашањето како ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој рече дека поранешниот премиер Груевски треба да се соочи со правдата, наместо информациите што ги има да се во рацете на друга држава.

Advertisement

Од друга страна, прашани за изјавата на министерот за надворешни работи, од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека тоа само ги потврдува нивните тврдења за комуникацијата меѓу ДУИ и Груевски.

Ова само ги потврдува фактите за комуникацијата на ДУИ коишто ги споделивме со јавноста-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на Демократско Движење, Изет Меџити, во изјава за „Лајм“ покрена прашање дали Бујар Османи и другите се подготвуваат Груевски да се врати во Скопје на 23 октомври, денот на ВМРО?

…и лично сум мислел дека ДУИ од 2016 година ги разделила патиштата со режимот на Никола Груевски, за жал Бујар Османи потврди дека тајно одржале комуникација, се помагале меѓусебе и Бујар Османи уште еднаш потврди дека работат за да се врати Груевски, поради таа причина се направија измените на Кривичниот законик, за таа причина зборуваат за Законот за амнестија, само и само да биде во функција на враќањето на Груевски.“, вели Меџити.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 рече дека поранешниот премиер Груевски треба да биде во Македонија и да се соочи со правдата бидејќи има важни информации кои можеби се во рацете на друга држава, навестувајќи дека безбедноста на државата е загрозена од отсуството на поранешниот премиер, кој добил азил во Будимпешта.

„Од политичка гледна точка, тоа е прашање кое ќе се злоупотребува, но од безбедносен аспект, да имаш еден премиер кој беше во таа функција повеќе од 10 години и ги имаше сите информации за државата и е во рацете на една друга држава, тоа не е добро за ниту една држава.“, изјави Османи.

Враќањето на Груевски во последниот месец е главна тема на политичката сцена во земјава. Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер Фатмир Битиќи пред неколку дена за ТВ21 изјави дека треба да има помирување, но не и простување за постапките на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.