Грипот зема замав во Грција

news
Advertisement

Во периодот од 7 јули до 31 август годинава во Грција биле пријавени 174 случаи на грип, пет пати повеќе во споредба со истиот период во 2019 година, додека пак лани и и во 2020 година не бил пријавен ниту еден случај во текот на летото, јави дописничката на МИА од Атина.

Advertisement

Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштија дека од пријавените случаи на грип, 160 се Грци, а 14 странски државјани од девет земји, додека пак за 20 отсто од заболените била потребна хоспитализација.

Од потврдените случаи кај грчките државјани, 117 пријавиле патување во внатрешноста на земјата во периодот на инкубација, од кои 80,3 отсто патувале на Кикладските острови.

За зголемен број случаи на грип говореше утрово министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој рече дека комбинацијата на случаи на грип и Ковид-19 создава загриженост дека може да постои притисок врз здравствениот систем, објасни дека во изминатите две години со мерките за Ковид-19 како што е употребата на маска, беше ограничено и ширењето на грипот, а веќе се во разговори со компаниите за вакцините против грип да пристигнат порано.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.