Русија најави повлекување на војниците и од регионот Харков

news
Advertisement

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ги повлекува силите од две области во украинската област Харков, каде што украинската контраофанзива постигна значителен напредок во текот на изминатата недела.

Advertisement

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека војниците ќе бидат прегрупирани од областите Балаклија и Изјум во регионот на Доњецк.

Изјум беше главната база на руските сили во регионот Харков.

Конашенков рече дека потегот е преземен „со цел да се постигнат наведените цели на специјалната воена операција за ослободување на Донбас“, еден од регионите во источна Украина.

Тврдењето за повлекување заради концентрација во Доњецк е речиси идентично со објаснувањето дадено од Русија за претходното повлекување на нејзините сили од регионот на Киев, пренесува Бета.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.