Дали се подготвувало апсење на министер. Еве како одговори Русковска за А1он

news
Advertisement

Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, изјавила за порталот А1он Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која е суспендирана.

Advertisement

 

Таа вели дека не е точно дека поради можно влијание, повторување на делото и бегство, се планирало барање на притвор за министер, а поради предметот каде се испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

Претходно, порталот Ескпрес објави дека извори во Јавното обвинителство тврдат дека се завршени сите потребни предистражни постапки за случајот во кој е инволвиран министерот и прибавени се сите неопходни докази за прекршување на законот.

 

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.