Двојничката на кралицата Елизабета по 34 години реши да се пензионира

news
Advertisement

Професионалната двојничка на кралицата Елизабета Втора соопшти дека од почит кон покојната британска кралица, одлучила да ја напушти работата по 34 години, но сепак ќе ја чува својата „кралска“ облека во спомен на жената која и помогнала „да се чувствува како член на семејството“. Мери Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, за прв пат стана двојничка на кралицата во 1988 година, а првпат и било кажано дека личи на Елизабета кога имала 17 години.

Advertisement

Таа неколку пати ја глумела кралицата во различни филмови, а најпознатите улоги ги имала во комедијата Булси од 1990 година заедно со починатиот Роџер Мур, како и во познатата серија Доктор Ху во 1988 година.

Рејнолдс им рече на новинарите дека одлуката да се пензионира ја прави „многу тажна“.

– Само што се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со капи и само што најдов каде да ги ставам, но потоа сфатив дека повеќе нема да ми требаат“ – рекла таа.

Таа рече дека веројатно ќе ги задржи цела облека на „Кралицата“, бидејќи таа била „дел од нејзиниот живот“.

Потсетувајќи се на моменти од нејзината кариера, Мери Рејнолдс изјави дека луѓето различно реагирале кога ќе ја видат, мислејќи дека таа навистина е англиската кралица.

Најчесто од неа барале заедничка фотографија.

Иако никогаш не ја запознала Елизабета Втора, Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите главни настани во животот на кралицата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.