Делегација на ОБСЕ, предводена од Османи на средба со Кралот Абдула бин ел-Хусеин II во Аман

news
Advertisement

Како дел од активностите на Медитеранската конференција на ОБСЕ за 2022, којашто Северна Македонија, како актуелен претседавач со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, ја организира во Јордан, делегација предводена од Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, остварија средба со јорданскиот крал Абдула бин ел-Хусеин II, во кралската палата во Аман.

Advertisement

На средбата беше изразено задоволство од успешното одвивање на Медитеранската конференција во Јордан, како значаен мост за засилена соработка и комуникација меѓу земјите од Медитеранот и целиот европски континент.

„Виталноста во обезбедување на стабилност во медитеранскиот регион е од особена важност за Северна Македонија, како актуелен претседавач со Групата за соработка и иден претседавач на ОБСЕ за 2023 год. Во оваа насока, ќе бидат направени напори за зацврстување на врската помеѓу ОБСЕ и медитеранскиот регион, преку низа конкретни проекти, планирани активности и политики на зајакната соработка. Особено сум задоволен што оваа година, после седум години пауза, успеавме да ја вратиме медитеранската конференција овде во Јордан, како значаен придонес во закајнувањето на соработката меѓу регионите” истакна Османи.

Во фокусот на разговорите беа и останатите теми поврзани со безбедноста и современите предизвици, како и дел од темите поврзани со билатералните односите меѓу Северна Македонија и Јордан.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.