Демант: Клиниката за детски болести работи со полн капацитет

news
Advertisement

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во целост ја демантира објавата на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ за нефункционирање на ургентниот центар на Клиниката.

Advertisement

„Во рамки на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во целост е во функција Одделот за ургентна педијатрија со специјалистичко – консултативна дејност и токсикологија, во кој оддел како и во досегашното работење на Клиниката за детски болести се згрижуваат сите итни случаи, на кои по укажаната итна прва помош се згрижуваат на соодветнтие одделенија или на Одделот за интензивна терапија.

Во услови на зголемен прилив на деца со акутни респираторни инфекции и бронхиолити, како и поради потребата за зголемување на капацитети за хоспитализација на пациенти, Стручниот колегиум на Клиниката за детски болести донесе одлука амбулантниот стационарен дел дополнително да се користи како дневна болница (за деца кои примаат некоја хронична терапија и престојуваат само неколку часа на клиника) и тие пациенти да не зафакаат болнички соби. Истиот простор беше нефункционален повеќе од 5 месеци.

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести ја уверува јавноста дека и понатаму ќе ги згрижува, без исклучок, сите деца од целата држава кои имаат потреба од болничко лекување или специјалистичко – консултативна услуга.

Воедно, и предочуваме на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ дека со ваквите дезинформации и невистинити објави го нарушуваат угледот на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и создаваат неоснована загриженост и конфузност кај пациентите и нивните семејства.

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Проф.др. Стојка Нацева Фуштиќ, вд Директор на Универзитетската клиника за детски болести.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.