ДЕТЕ ОД ГОДИНА ДЕНА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО КУМАНОВО – проголтало средство за чистење, ова се деталите!

News

Четиринаесетмесечно дете од Куманово било примено во Општата болница откако се затруло со средство за чистење, информираат од полицијата.

Случајот бил пријавен синоќа околу 20:14 часот, кога од кумановската болница ја известиле полицијата за детето кое било донесено на лекарска помош по труењето.

По добиената пријава, полициски службеници извршиле разговор со мајката на детето, додека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Од полицијата информираат дека за случајот ќе бидат преземени дополнителни мерки од надлежните институции со цел целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *