Димитриевски: Во Прилеп формирано здружението „За нашите граѓани“

news
Advertisement

Македонија кои потекнуваат и со векови биле на овие простори. Не треба и недозволиво е да некој не убедува дека ние денеска треба да се срамиме ако кажеме дека нашите предци се бореле против фашизмот? Ако кажеме дека нашите предци се бореле против бугарскиот фашистички окупатор со тоа ние немаме за цел да ги навредиме граѓаните на Бугарија, но исто така имаме обврска кон нашите предци. Да потсетиме дека ние живееме во наша Македонија и ние живееме со нашата историја којашто токму тие наши предци ја имаат креирано“, рече Димитриевски.

Advertisement

Димитриевски посочи дека вечерашниот собир е да се одбележи денот на формирање на здружението „За нашите граѓани“ во Прилеп, сите заеднички да му посакаат успех во неговата работа и да ги повикаат останатите прилепчани да се приклучат, бидејќи намерата на ова здружение е да се шири низ цела Македонија како една позитивна аура помеѓу граѓаните којашто ќе даде можност на секој граѓанин да одлучи за себе и во сопствено име и во интерес на сите граѓани.

„Вечерва, во предвечерието на 11 Октомври во мое лично име и во име на граѓаните на општина Куманово сакам да ви го честитам големиот празник 11 Октомври којшто многумина се обидуваат да го прослават, но за жал без присуство на народ, бидејќи на народот со сите дејствија во изминатиот период немаат право и лице да го погледнат во очи, а воедно да им испратам порака дека мора да излезат пред јавноста и да се извинат за многу направени грешки. Ние ќе продолжиме да работиме во сплотување на македонскиот народ, негово обединување без разлика дали доаѓа од лева или десна провиненција и поголемо заемно почитување и зближување на сите етнички заедници во нашата држава, бидејќи оваа држава Македонија им припаѓа на сите. Бидете горди, вечерва сме 100, 200, 300, задутре ќе бидеме 500тини, до крајот на месецот 1000 и потоа е само пат на математичка прогресија да се постигне конечната цел, а нашата конечна цел е Македонија да ја вратиме назад во рацете на граѓаните, бидејќи големо фајде од политичките партии и субјекти не видовме. Нека ни е среќен и долговечен празникот, честитки и успех на здружението „За нашите граѓани“, изјави Димитриевски.

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и претставник на здружението „За наше Куманово“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.