Додека целиот свет имаше проблем со комуникацијата, Вибер го искористи моментот за одличен маркетинг

news
Advertisement

Падот на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер вчера беше инспирација за бројни мемиња и шеги, а некои го искористија овој проблем за реклама на своите мрежи и апликации.

Advertisement

На тој начин Вибер ги покани луѓето да ја инсталираат нивната апликација.

„Одржувајте го вашиот разговор безбеден, сигурен и пријатен. Преземете Rakuten Viber сега и почувствувајте ја разликата“, напишаа тие покрај фотографијата од нивната икона со натпис „Во итни случаи“.

„Одличен маркетинг“, „Совршен тајминг за промоција“, „Голем аплауз за маркетинг тимот“, „Најдобра апликација досега, Вибер никогаш немал проблеми“ се само дел од коментарите.

За потсетување, корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликацијата за комуникација Месинџер пријавија дека имаат проблеми со логирањето на нивните профили.

Околу 16:20 часот, корисниците на Фејсбук и Месинџер започнаа да пријавуваат проблеми во работата на апликацијата. Многу корисници беа одјавени од нивните профили на Фејсбук и не можеа повторно да се логираат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.