Докторка на специјализација загина во сообраќајната незгода која се случи на патот Скопје-ГП Блаце

news
Advertisement

Моника Лукровска, доктор специјализант, е 40-годишната скопјанка која загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на патот Скопје – Граничен премин Блаце.

Advertisement

Информацијата за смртта беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори.

Нејзините колеги велат дека Моника била професионалец, пријател и колега со срце и милост.

„Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас.Добриот човек секогаш ќе се памти. Ти беше херој,професионалец ,пријател и колега со срце и милост.Секогаш зрачеше со позитивна енергија без разлика на секојдневието“ пишува во Фејсбук објавата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.