ДСЗИ го објави извештајот за починатото 25-годишно момче од Берово

news
Advertisement

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, извршен е вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, ЈЗУ Клиничка болница – Штип и ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје.Од вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ е констатирана следната фактичка состојба:

Advertisement

Посета кај матичен стоматолог:

– Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран, односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог.

На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип .

Посета кај матичен лекар:

Истиот ден, на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординира друг антибиотик и остната супортивна терапија.

На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија.

На 19.08.2022г. во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.