Еве кој ќе биде новиот Министер за Локална Самоуправа

news
Advertisement

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски ја поднесе оставката до Владата. Формално не ја доставил лично, туку преку правните служби кои ја доставиле до архивата на Владата. Сега на Илинденска треба да ја констатираат оставката, па ЛДП да ги свика органите за да предложат ново име на министер за локална самоуправа. Неофицијално, тоа може да биде Ристо Пенов, кој во два мандата беше градоначалник на Скопје од 1996 до 2005 година. По оставката на Милевски, тој може да ја напушти и функцијата претседател на партијата. Тоа може да се случи на крајот на октомври или почетокот на ноември. Заменичката на оваа партија и потпретседателката Моника Зајкова не ги крие амбициите да стане прв човек на партијата.

Advertisement

Францускиот предлог како решение за спорот со Бугарија и преговарачката рамка беа прашањата за кои се вели дека предизвикале поделби во Либерално-демократската партија иако партиските органи ја поддржаа опцијата понудена како решение за спорот. Зајкова додава дека партијата останува ориентирана кон европскиот пат.

ЛДП во Собранието има двајца пратеници. На парламентарните избори во 2020 година тие беа на заедничките листи со СДСМ, но на локалните избори лани ЛДП излезе од предизборната коалиција. Милевски се натпреваруваше за градоначалник на Битола против Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Христо Кондовски од СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.