ЕДЕН ЗАГИНАТ, А НЕГОВИТЕ ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ Четири возила учествувале во страшниот карамбол на патот Битола-Маково

news
Advertisement

Со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат” и Д.В. (64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв”, додека со телесни повреди се здобиле возачите Ј.О. и Ј.В. и М.С.Н. (36) од с.Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничка болница Битола“, информира полицијата.

Advertisement

41-годишен жител на село Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Маково, а неговите две малолетни деца се тешко повредни. Според информациите од СВР Битола во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и товарно возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла која вчера ја налегна Пелагонија.

Како што информираа од СВР Битола вчера околу 19 часот било пријавено дека било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Маково се случила сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (41) од с.Долно Агларци, општина Новаци, патничко возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј.В. (29) од Ресен, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.О. (48) од Битола и товарно моторно возило „даф“ со полуприколка со албански национални ознаки, управувано од В.К. (38) од Република Албанија“, велат од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот С.Н. (41), а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

„Со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат” и Д.В. (64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв”, додека со телесни повреди се здобиле возачите Ј.О. и Ј.В. и М.С.Н. (36) од с.Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничка болница Битола“, информира полицијата.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.