Ето најави жестоки казни за фудбалерите кои фалсификваат и мамат за својата возраст

news
Advertisement

Младите фудбалери од Камерун, но и од други африкански земји, повеќепати се обидуваа да го фалсификуваат датумот на раѓање за да можат да настапуваат за помладите селекции на африканските репрезентации.

Advertisement

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Камерун, Самуел Ето, најави суспензија на младите фудбалери на Камерун поради мамење и фалсификување.

„Мораме да ставиме крај на манипулациите кои со години го уништуваат угледот на камерунскиот фудбал“, изјави Ето.

Во 2017 година, Интернационалната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) почна да го решава овој проблем. Контролниот процес го спроведуваат матичните фудбалски сојузи, додека тестовите ги прават со преглед на зглобовите на играчите со магнетна камера, за која експертите тврдат дека може со сигурност од 99% да ја одреди возраста.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.