Жени откриваат: Што мразат, а што навистина сакаат во кревет? (18+)

news
Advertisement

Секс терапевтот Трејси Кокс направила истражување со цел да утврди што навистина сакаат жените во кревет.

Advertisement

Таа направила анкета во која учествувале жени на возраст од 18 до 73 години, а за резултатите зела предвид и други истражувања на истата тема.

Па, што навистина сакаат жените?
Сакаат орален секс
Анкетата на Трејси покажала дека 93% од испитаничките уживаат во оралниот секс, но сакаат да биде обостран.

Сепак, повеќето мразеле мажи кои се нападни со барањата за орален секс.

Не сакаат анален секс
Голем дел од испитаничките го опишале аналниот секс како болен – за дури 81% од нив, првиот анален секс бил болно искуство.

Повеќето сметаат и дека аналниот секс е нехигиенски, а само 13% од нив имале анален секс изминатата година.

Не сакаат да гледаат порно филмови со партнерот
За повеќето жени, порно филмовите поставуваат нереални стандарди и за изгледот на женското тело, но и за тоа како изгледа сексуалниот однос во реалноста.

Голем дел од нив сметаат дека и дека во повеќето порно филмови, жените се третирани само како објекти.

Сепак, 76% од нив изјавиле дека не им пречи ако партнерот сам гледа порно филмови.

Истовремено, анкетата покажала дека жените генерално преферираат еротска литература наместо филмови за возрасни.

Сакаат играње секси игри со улоги
94% од испитаничките изјавиле дека уживале во секси игрите со партнерот и поголемиот дел повторно би го направиле тоа.

Сепак, не им се допаѓа кога партнерот инсистира на игри за време на секој однос, ниту кога партнерот сам им купува облека и играчки, без да се консултира со нив.

На повеќето, најмногу им се допаѓа врзување со лисици.

Не сакаат кога сексот трае многу долго
Според жените, во просек, идеалното времетраење на односот е околу 13 минути.

Истовремено, не им се допаѓа кога партнерот е премногу груб и кога очекува тие да доживеат оргазам на тој начин.

Само 50% од испитаничките изјавиле дека често доживуваат оргазам за време на секс.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.