Маричиќ: Посетата на Фон дер Лајен е показател дека има желба од ЕУ да ги отвори портите за нови членки

news
Advertisement

Посетата на Урсула фон дер Лајен е одличен показател дека има вистински момент и дека има желба од страна на Европската Унија да ги отвори портите за нови членки од Западен Балкан. Пораките беа јасни“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Дневникот на МТВ.

Advertisement

Тој додаде дека има недостатоци што се утврдија со скрингот и што низ процесот на преговори ќе се исправаат, а за отворање на поглавјата остануваат само уставните измени.

„Тие не го загрозуваат нашиот идентитет, јазик и само треба да ја фатиме оваа шанса, затоа што таа прилика ќе им биде понудена и на другите држави и тие нема да ја пропуштат шансата“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека посетата е со јасна порака дека е реално до 2030 година да ги завршиме преговорите и да станеме членка на ЕУ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.