ЗАВРШИ КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС

news
Advertisement

– Со пораки да прекине насилството врз жените и девојчињата напишани на торбички, шалчиња и беџови кои подмладокот на Општинската организација на жени – Велес ги поделија на случајните минувачи пред платото на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, денеска во Велес заврши кампањата против семејното насилство во Велес.

Advertisement

Кампањата 16 дена активизам борба против семејно насилство, под мотото „Обединети за крај на насилството врз жени и девојчиња“ ја реализираше Општинската организацијата на жени со поддршка на Општина Велес и Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Советот на Општина Велес.

Мирјана Трајкова, претседател на Општинската организација на жени, истакна дека секоја жена има право да биде заштитена со Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство.

– За нас, родово базираното насилство врз жени не завршува денес туку продолжува и во наредниот период што доаѓа, изјави Трајкова.

Таа појасни дека целта на кампањата е да се зајакне јавната свест за проблемот на семејното насилство и да се поттикнат нови идеи, предлози и активности во борбата против оваа општествена појава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.