Заев: Со Бугарија можам да помогнам деловно, против референдумот ќе бидат 75 отсто граѓани

news
Advertisement

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, претежно за бугарските медиуми, изјави дека Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“

Advertisement

Заев присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

– Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со претседателот Румен Радев и со вашиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза, како и на многу други активности. Јас верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството. Јас многу пати сум кажал – ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива и ние треба да обезбедиме нашите деца да може да соработуваат. Стојам секогаш на располагање на помош на добрите односи како поранешен премиер. Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, а можам да бидам од помош во деловната соработка, поради тоа што веќе се вратив во бизнисот и работам економија, порача тој./faktor.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.