За Џафери приемот во ЕУ е Маршалов план за Балканот

news
Advertisement

Претседателот на Собранието Талат Џафери порача денес дека како регион сме предиспонирани да станеме членки на ЕУ и дека овој процес ќе биде еден вид Маршалов план за Западниот Балкан.

Advertisement

-Географски, стратешки и со мнозинската волја на граѓаните, како регион сме предиспонирани да станеме членки на Европската унија, штом ги исполниме потребните услови за членство. Исто така, сме свесни дека на тој пат, сите ние поединечно и колективно сме исправени пред многу предизвици од различна природа. Искуствено, од претходните проширувања, мора да прифатиме дека мораме да се справиме и да најдеме прифатливи решенија за сите прашања кои се третираат како отворени и ни претставуваат пречка на тој пат.

Со ставање во прв план на најболните и најкомплексните прашања во агендата, Германија покажа јасна проактивна улога за помош и поддршка за регионот и недвосмислена порака дека на нашите општества им е потребно конечно помирување и реални проекти во детектираните области од страна на Европската комисија. Неспорен е фактот за дестабилизирачкиот потенцијал од билатералните прашања, кој врие под површината, а особено е загрижувачко оркестрираното влијание од трети страни во целиот регион. Оттука, мораме да прифатиме, сакале или не, дека сите ние заедно како балкански држави, споделуваме заеднички предизвици, проблеми, но и заедничка иднина.

Длабоко сум убеден дека досегашните успеси на овој комплементарен процес, ќе продолжат да преставуваат соодветна реплика на Маршаловиот план, со кој конечно ќе може да го де-балканизираме Балканот и да станеме дел од поширокото европско семејство, на тој начин остварувајќи ја нашата повеќедецениска визија за полноправно членство во Европската унија, рече Џафери на денешната конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“, што се одржува во Собранието. и на која присуствуваат германските функционери Михаел Рот и Мануел Сарацин.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.