Земјотрес. Еве каде беше епицентарот

news
Advertisement

Земјотрес кај Елбасан почувствуван во охридскиот и кичевскиот регион

Advertisement

Утрово во 6.32 часот жителите на охридскиот и кичевскиот регион почувствуваа слаб земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје информираат дека потресот бил во Албанија, со сила од 3,6 степени по Рихетер.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 6.32 часот регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, во Албанија, со локална магнитуда ML3.6.

Како што стои во соопштението, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Македонија, во Охрид и во Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Албанските медиуми јавуваат дека земјотресот бил на 19 километри од Елбасан и на 4 километри од Либражд, на длабочина од 15 километри.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.