Професорката Билјана Ванковска е претседателскиот кандидат на Левица: Не отпишувајте ме прерано

news
Advertisement

Ванковска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека според неа изворот на проблемите е Уставот за кој рече „личи повеќе на фустанот на Пепелашка, кој е целиот од крпеници од разни амандмани кои секој ги толкува како што сака“
„Следно е собирањето 10 илјади потписи кое планираме да го финишираме успешно и да го имаме според нас најдобриот разумен кандидат“, вели претседателот на Левица. Професорката Билјана Ванковска е кандидатот на партијата Левица за претседателските избори на 24 април и 8 мај.

Advertisement

Според претседателот на партијата, Димитар Апасиев, тие го имаат најдобриот кандидат. Ванковска, како што рече Апасиев на денешната промоција на кандидатот, во внатрепартиските анкети, каде што имало повеќе имиња, го имала најдобриот скор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.