Зошто падна Дритан Абазович?

news
Advertisement

Парламентот на Црна Гора доцна синоќа ѝ изгласа недоверба на малцинската Влада на Дритан Абазовиќ, нешто повеќе од 100 дена по нејзиниот избор. Падот на Владата го поддржаа пратениците на партиите кои ја иницираа промената, предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС), а неопходното мнозинство го обезбедија Демократите на Алексе Бечиќ, Бошњачката партија, Десницата на Црна Гора и Обединета Црна Гора. Бошњачката партија беше дел од Владата на Абазовиќ, додека другите членови, Социјалистичката народна партија (СНП) и коалицијата собрани околу движењето УРА, го бојкотираа гласањето, како и Демократскиот фронт (ДФ).Против беше претседателката на Собранието Данијела Ѓуровиќ од СНП. По падот на Владата можни се две опции, преговори за формирање на нови или парламентарни избори.
Промената на Владата поради потпишувањето на фундаменталниот договор и „блокадата на евроинтеграциите“ ја иницираа 36 пратеници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД) , Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците (ДУА).

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.