Идризово; Родителите од утре на секојдневни протести

news
Advertisement

Родителите и децата од Идризово од вторник ќе започнат континуирани протести преку кои ќе бараат отворање на албанска паралелка за шесто одделение во ОУ „Његош“ во Јурумлери

Advertisement

„Решението е отворањето на албанска паралелка во Његош. Ние не бараме училиште, не бараме трошоци, не бараме пари за објекти, туку бараме во тоа училиште што го имаме на 1,5 километар, каде што има место не 100%, туку милион проценти, бидејќи ОУ „Његош“ е затворено во втора смена и по 12:30 часот не работи“, рече Ризван Сефери, Совет на родители.

Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за Алсат вели дека за овој случај веќе формирал два предмети. Тој додаде дека побарал објаснување од Министерството и од просветниот инспекторат, од Општина Гази Баба, од дирекциите на соодветните училишта зошто не е возможно учењето на албанскиот јазик.

„Во сите овие случаи институциите се обидуваат да ги оправдаат своите постапки кои се неприфатливи за Народниот правобранител бидејќи се работи за сериозно кршење на основното право на образование на мајчин јазик и сериозно кршење на правата на децата и меѓународната конвенција. Ресорното министерство како административен орган мора да ги одземе овластувањата од дотичните општини за да се спроведуваат образовни политики“, вели Зибери.

Додека чекаат решение, децата импровизираат час во куќата на семејството Сефери каде си ги повторуваат минатогодишните часови. Од Општина Гази Баба повторија дека албанската паралела за шесто одделение не може да се отвори бидејќи училиштето нема доволно простор за дополнителни паралелки.

Извор: https://alsat.mk/mk/idrizovo-roditelite-od-utre-na-sekojdnevni-protesti/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.