Изгледам секси и на 70 години

news
Advertisement

Рене Лендерс е жив доказ дека годините се само бројка. На 70 години, по операција на грбот, учествуваше на натпревари во бодибилдинг.

Advertisement

Мајка и баба, Рене Лендерс од Хјустон со години ги воодушевува сите. Откако го родила синот единец, жената имала сериозни проблеми со грбот и била подложена на операција која ја оддалечила од дотогаш активниот живот, кога секој ден трчала по 7-8 километри.

По 25 години без физичка активност, Лендерс била подложена на уште една операција на долниот дел на грбот во 2009 година. Оттогаш, нејзиниот живот се променил. Ангажирала личен тренер и се заљубила во фитнесот.

Во мај 2021 година, нејзината страст ја однесе на следното ниво и го одбележа својот прв бодибилдинг натпревар на 69-годишна возраст. Таа била најмалку 20 години постара од која било друга натпреварувачка, а повеќето нејзини противнички биле на возраст од 25 до 30 години. Рене Лендерс го зазеде шестото место.

По денот кога се родија мојот син и внуците, тоа беше најдобриот ден во мојот живот. Јас сум во најдобра животна форма. Се чувствувам и изгледам подобро отколку кога имав 20-тина, изјави Рене Лендерс.
Следеа уште четири натпревари, а Лендерс е порешителна од кога било да продолжи да се натпреварува.

Многу се плашев да го носам тој костум на 70 години, но сега знам дека сум жив доказ дека на 70 години можам да бидам секси. Јас секако не застанувам тука. Вака сакам да живеам и понатаму, едвај чекам да се натпреварувам повторно. Се чувствувам многу среќна што го правам ова и не можам да верувам дека имам 70 години, заврши бодибилдерката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.