Ги разоткриваме митовите за сексот во кои многумина сè уште веруваат

news
Advertisement

Со векови сексот беше мистерија за која ретко се зборуваше јавно. За среќа, за сексуалноста сега се зборува повеќе од кога било. Сепак, тоа сè уште не значи дека сме се ослободиле од сите предрасуди, стереотипи и табу теми поврзани со оваа деликатна област од човечкиот живот.
Во продолжение ви пренесуваме пет митови поврзани со сексот, кои сите треба што побрзо да ги заборавиме.

Advertisement

Губење на невиноста
Невиноста претставува само моменталната состојба во која лицето сè уште ја немало првата сексуална врска. Со губење на невиноста не губиме дел од себе, туку стекнуваме ново искуство, стекнуваме нови знаења, вештини, учиме нови форми на комуникација и интеракција, подобро се запознаваме себеси и личноста со која сме во врска.
Кога ќе престанеме да ги гледаме нашите први сексуални искуства низ призмата на губење на невиноста и нашата чистота, на сите ќе ни биде подобро на долг рок.

Сексот за време на менструацијата е природна контрацепција
Не сме безбедни од несакана бременост дури и кога имаме менструација. Ризикот жената да забремени е многу низок, но многу луѓе може да овулираат за време на нивниот циклус. Со оглед на тоа што знаеме дека спермата може да остане во јајцеводите неколку дена, тоа го зголемува ризикот од несакана бременост.
Со користење на кондом ќе обезбедите заштита и од бременост и од сексуално преносливи болести, особено за време на менструацијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.