Илон Маск покрена анкета дали треба да се откаже од функцијата извршен директор на Твитер

news
Advertisement

Извршниот директор на Твитер, Илон Маск, во неделата започна анкета на платформата за социјалните медиуми во која ги прашува корисниците дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите од анкетата. До изутрината речиси 12 милиони корисници учествуваа во анкетата, при што 56,3% гласаа за негова оставка. Анкетата ќе биде затворена денеска. Милијардерот не даде детали кога ќе се повлече од функцијата доколку резултатите од анкетата го кажат тоа.

Advertisement

Маск минатиот месец пред судот во Делавер изјави дека ќе го намали своето време во Твитер и на крајот ќе најде нов лидер кој ќе ја води компанијата. Анкетата доаѓа по неделното ажурирање на политиката на Твитер, кое забранува сметки создадени исклучиво со цел да се промовираат други фирми за социјални медиуми и содржина што содржи линкови или кориснички имиња за ривалските платформи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.