И по 43 години на власт Обијанг повторно ќе се кандидира за претседател на Екваторијална Гвинеја

news
Advertisement

Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обијанг денеска најави дека ќе учествува на изборите во ноември.

Advertisement

Обијанг на власт е 43 години, откако тој ја презеде власта со државен удар во 1979 година.

Според групите за човекови права владеењето на 80-годишниот Објанг е обележано со тортура врз политичките противници, местење на избори и корупција. Тој ги негира обвинувањата.

Објанг во евентуално новиот мандат ќе се соочи со тешки предизвици. Економијата на Екваторијална Гвинеја е тешко погодена од пандемијата со Ковид-19 и падот на цената на нафтата, иако војната во Украина и потребата од неруска нафта и гас може да помогнат во поттикнување на растот.

Сиромаштијата е широко распространета во Екваторијална Гвинеја. Ова стана особено очигледно кога минатата година серијата експлозии во касарната срамни дел од крајбрежниот град Бата, при што загинаа околу 100 луѓе, што го натера поранешниот колонијален владетел, Шпанија да испрати хуманитарна помош.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.