Казината немаат “исаф“ – Го одраа народото, а сега поставуваат ултиматум на Собранието

news
Advertisement

Протест пред Собрание – АПИС: Доколку не ги прифатат нашите предупредувања и укажувања за Законот за игри на среќа ќе следи серија масовни протести
Автор:

Advertisement

„Повторно сме пред Собранието со неколку стотици вработени во автомат клубовите и обложувалници, кои заедно со нас, согласно член 122 став 2 од Деловникот, бараат да присуствуваат на седницата на Комисијата за европски прашања, каде ќе се разгледуваат противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа“, река демонстрантите пред зградата на Собранието.

Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во изјава за медиумите рече: За разлика од пред 20 дена, денес ја блокираме сообраќајницата како последно предупредување до пратениците дека не смеат и понатаму да не игнорираат. Доколку не ги прифатат нашите аргументирани предупредувања и укажувања ќе следи серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство. Едноставно, една крајност по автоматизам создава друга крајност!

Ако пратениците навистина се убедени дека овие измени се ЗА заштита на младината, а не како што ние тврдиме, ЗА затворање на легалните објекти заради исполнување нечии бизнис апетити, тогаш нема ниту една причина да бегаат од соочување со нас. Потценување на интелигенцијата е да се тврди дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е заради заштита на младината, кога во исто време државата овозможува преку интернет, игрите на среќа да станат достапни буквално на секој мобилен и статичен уред. Преку онлајн игрите на среќа доволно е од дома некој да се вклучи на платформа и да игра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.