Како да разликувате нормална од „смртоносна“ кашлица?

news
Advertisement

Во денешно време, многумина веднаш ќе ја поврзат кашлицата со коронавирусот, но вистината е дека ако не е со минлив карактер и поврзана со алергија или настинка, кашлицата може да укажува и на многу полоши болести како што е ракот на белите дробови. Во текот на пандемијата на коронавирусот, фокусот беше ставен на симптомите на респираторните болести и на многумина им беше тешко да разликуваат „нормална“ кашлица од „смртоносна“ што може да укажува на рак на белите дробови, пишува „Слободна Далмација“.

Затоа, доколку забележите некои од овие симптоми, неопходно е веднаш да се јавите кај вашиот лекар:
– постојано останување без здив
– кашлица со исфрлање крв
– кашлица која трае три недели
Други вообичаени симптоми на рак на белите дробови вклучуваат:
– отекување на лицето
– чести инфекции
– згрутчување на крвта
– ненормално високо ниво на калциум

Навремената посета на лекар овозможува и побрзо дијагностицирање на болеста, со што се поголеми шансите за продолжување на животот, велат научниците. Идентификувањето и дијагностицирањето на ракот во најраните фази е најефективниот начин да се ограничи неговото ширење, да се доведе во ремисија и да се зголемат шансите за преживување, истакнуваат британските лекари.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.