Како зграда од 5 ката стана дванаесеткатница? – Жителите на Бутел стравуваат дека населбата ќе им стане мал Чаир

news
Advertisement

Пред година и пол на ова место на булеварпот Х.Т.Карпош изглегоа на протест некои од жителите на Бутел да го изразат незадоволтвото заради тоа што разбрале дека ќе се гради висококатница.

Advertisement

„Ве поканивме да алармираме за иницијативата на приватниот инвеститор кој планира да изгради ѕид висок 30 метри овде во населбата во која живееме. Ние не сме против изградбата, но не смее да биде висока зграда 30- метри. Нека изгради но нека биде 3-4 ката не ни смета , но неговата иницијатива го нарушува редот на населбата“, велат жителите.

Тогашниот градоначалник Велимир Смилевски во изјава за ТВ21 рекол:

„Одобрението во Министертсвото за транспорт и врски е седум ката така да не е завршена работата. Барањето на Град Скопје е да биде пет ката. Инвеститорот бараше 11 ката но, ние не му дозволивме“, посочи Велимир Смилевски за ТВ21.

На истото место после 22 месеци како што објаснува инвеститорот е изградена дванаесеткатницата на место кое било запушетно и како што вели инвеститорот кое претходно било збиралиште на наркомани. Се простира на околу 3 000 метри квадратни.

„Овде колку што ни следувало не ни е дадено. Зградата носи сефа 6 –катница со 12-катница. Во сите друго општини во Скопје со оваа парцела која нние ја поседуваме добиваат поголем габарит во градба. Партнерот мој Фатмир Етепи многу внимаваше до каде треба да градиме да не излеземе од точките. Ни следуваше уште повеќе“, додава Вулнет Селими.

Некои од жителите повторни ни се пожалија дека не само што им се одзема светлото со високатницата им се стеснува и паркинг просторот. Откако ќе се вселат станарите очекуваат дека ќе настане уште поголем хаос за паркирање. Сепак, инвеститорот уверуива дека таков проблем нема да има.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.