Николовски се „фали“ постигнувањата на поранешниот министер Хоџа за Договорот со Украина

news
Advertisement

Денеска во Прага беа потпишани одлуките за преиспитување на протоколите од договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и Украина. Договорот беше потпишан во присуство на премиерите на Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал.
Со потпишувањето на овој договор се овозможува бесцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежо овошје и зеленчук. Македонските земјоделски производи како зелка, јаболка, домати, пиперки, краставици, грозје и други слободно ќе се извезуваат во Украина. Со потпишувањето на овој договор се постигнува многу поголема либерализација во однос на правилата за потекло на стоките. Но, дали овој договор е заслуга на министерот Љупчо Николовски? Поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа додека беше министер успеа да ја одблокира слободната трговија меѓу Македонија и Украина која беше блокирана 10 години. Преговорите меѓу министерот Хоџа и Тарас Кацка беа завршени за 3 месеци, а Македонија има корист од извозот на 5 производи без царина во Украина./Monitor.mk

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.