Катастрофална состојба во ЈСП, фалат гуми, возачи, електричари, автомеханичари

news
Advertisement

Катастрофална е состојбата со која се соочува ЈСП. Како што пренесува Плусинфо од нивни разговори со вработените за состојбата во ова јавно претпријатије тешко може да се најде опис.

Advertisement

Од фотографиите до кои дошле во Плусинфо може да се забележи дека дел од автобусите кои немаат гуми се поставени на трупци во гаражите. Ова е од причина што ЈСП нема набавено гуми па автобусите се приморани да седат во гаражите.

– “Повеќе од 30 автобуси не се во возна состојба затоа што немаат гуми. Паркирани се во гаражите на ЈСП и таму скапуваат на трупци. Некои, пак, паркирани се со месеци затоа што немаат светла, односно не се набавени сијалици. Ама затоа нивните гуми обично се монтираат на други автобуси. Што да ви кажам, голем хаос е“ – велат изворите на Плусинфо.

Но ова не е единствениот проблем со кој се соочува ЈСП. Не е направена набавка на речиси ништо за што повторно тие автобуси со кои се соочуваат со таков тип на проблем не се пуштаат во сообраќај или се пуштаат ама не се во исправна состојба.

Друг огромен хроничен проблем е и заминувањето на возачите. Јавноста дозна дека од ЈСП ќе заминат околу 130 лица кои имаат склучено договори да возат за германска компанија од Мајнц, иако претходно се направи обид ова да се демантира од раководството на претпријатието.

Полицијата редовно ги исклучува автобусите на ЈСП од сообраќај поради тоа што се технички неисправни. Од соопштението на МВР до Плусинфо може да се забележи дека во период од само 2 месеци од 15 автобуси кои биле упатени на вондреден технички преглед дури кај четири била констатирана техничка неисправност. Затоа и според законот поднесени се и барања за поведување на прекршочна постапка

И покрај сите овие турбуленции со кои се соочува ЈСП според раководството нема проблеми. За нив нема каснење на плати, недостаток на вработени, нема доцнење на автобусите, а проблемите кои излагаат во јавноста за нив се во доменот на шпекулациите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.