Ковачевски за РТС: Добро е да ги внесеме и другите народи во Уставот

news
Advertisement

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во интервју за РТС вечерва зборуваше и за одблокирањето на преговарачкиот процес со ЕУ, како и за обврската на Македонија за го смени својот Устав.
-Она што го имаме како обврска е уставно прилагодување, а тоа е вклучување на делови од други народи кои живеат во нашата држава. Интерес веќе искажаа хрватскиот, црногорскиот, бугарскиот, како и еврејскиот народ. Сметам дека е тоа е добро, затоа што во ЕУ има и држави кои имаат и по 25 делови од народи. Јас секогаш велам дека Северна Македонија е Европа во мало, рече Ковачевски.
Тој подвлече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Република Северна Македонија и Република Србија како секуларни држави, особено неговиот личен добар контакт со претседателот на државата Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќе децениско значење односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Северна Македонија.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.