Ковачевски: Одлуката е донесена со цел заштита на потрошувачите

news
Advertisement

И покрај синоќешната одлука на Владата дека пекарниците мора да произведуваат најмалку 80 % леб со замрзната цена во споредба со декември, состојбата на терен и денеска иста… Леб нема, па граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат да се справат со овој проблем.

Advertisement

„Бев во поголемите маркети и нема лепче. Затоа дојдов во приватна пекара, морав. Внуците кога ќе дојдат од училиште бараат да јадат“

„Јас редовно земам од тој црниот леб по 47 денари. По маркетите нема леб“

„Ова беше последно, за други нема леб. Кој нема да успее да земе ќе биде гладен. Тука претходно бев и само два леба даваат, не повеќе. Зедов три погачи за да има за денеска и утре. Тешко време дојде“

Државниот пазарен инспекторат соопшти дека е постојано на терен и вршат контроли со сите расположливи ресурси. Како што додаваат оттаму, одлуката за замрзнување на цената на лебот генерално се почитува кај досега контролираните 460 објекти..

Ако се утврди прекршување на одлуките, ќе следат казни кои изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големина и видот на фирмите, најавуваат од таму..

За тоа каква е состојбата во продавниците, проверувал лично и премиерот Ковачевски, заедно со министерот Бектеши… Откако и самиот се увери дека рафтовите за бел и полубел леб се претежно празни, уште еднаш ги потсети производителите на обврските…

„Трговците на мало кои продаваат леб имаат обврска во дневната набавка да имаат најмалку 80 отсто од лебот со зармзнатата цена. Производителите имаат обврска да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб во количина од најмалку 80 отсто од произвдоството на овој леб во месец декември 2022 година“

Ковачевски најави дека во Министерството за економија се прават анализи и во однос на цените и на другите основни прехранбени производи и дека во блиска иднина може да следува замрзнување и на други производи што се сметаат за основни.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.