Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски по денешната посета на на делницата Крупиште-Кочани и на фирми во Штип изјави дека политичари како бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не се пожелни во Македонија откако тој вчера при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје изјави дека Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со заедничко минато.

Advertisement

„Како што министерството за надворешни работи но и министерката за култура го осудија така и јас го осудувам непримерното однесување на Костадинов. Непримерно е човек кој што е дојден како гостин во ваа држава да се однесува на таков начин. Вчера беше чин на отворање на Бугарски културен центар во Скопје, така како што личи, на ист начин како што кажав дека ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград каков што имаме и во Софија. Такви политичари како тој вчера и уште еден што мене ми правеше видеа воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи нивната политичка агенда е ширење на немир и нетрпение помеѓу двете држави и народи само поради свој политички интерес. Тие воопшто не мора да доаѓаат тука”, изјави премиерот Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.