Ковачевски се сретна со Зеленски во Молдавија

news
Advertisement

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Премиерот Ковачевски беше придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи а средбата се одржа на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев. Премиерот Ковачевски ја истакна силната поддршка која Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година. “Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна”, истакна меѓу другото премиерот Ковачевски.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.