Странските инвеститори ја препознаваат Северна Македонија како поволна дестинација за нови инвестиции. Драго ми е што светските компании ги прошируваат инвестициите во нашата држава. Доказ за тоа е денешната нова инвестиција на една од водечките компании во автомобилската индустрија, канадската „Магна Интернационал“, која одлучи да гради нова фабрика, сега во Технолошко индустриската развојна зона Штип.
Интересот на светски познатите компании за инвестиции во нашата држава значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работни места.
Со заедничкиот концепт на Владата и на ТИРЗ и во време на глобални предизвици постигнавме договори од над 850 милиони евра инвестиции, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.