Ковачевски ја поднесе оставката

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во 11 часот си поднесе оставка од функцијата.

Advertisement

Дописите се стигнати до Собранието, потврдија оттаму.

Во текот на денот, по Ковачевски, оставка треба да поднесе и претседателот на Собранието , Талат Џафери, кој според договорот на СДСМ и ДУИ, ќе го наследи претседателот на СДСМ- на премиерската функција.

Со овие оставки почнува формално-правната процедура за подготовка и избор на техничката Влада в недела на 28 јануари – 100 дена пред парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај, две недели пред претседателските избори.

Инаку, со оставката на премиерот, целата Влада преминува во оставка.

По оставката на премиерот Ковачевски од ВМРО ДПМНЕ упатија критики до кадрите на СДСМ и ДУИ.

-Адио Ковачевски, никогаш повторно на Македонија нема да и се случи да биде водена од Ковачевски или слични нему неспособни кадри, кои ја заглавија државата, донесоа сиромаштија и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата за избор на Техничката влада ќе биде во недела.

На списокот на мандатарот ќе се најдат предлозите за министри и дополнителни заменици од партиите од власта, вклучувајќи и двајца министри и тројца заменици од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.

Тимчо Муцунски потпретседател на партијата, по седницата на ИК потврди дека во преодната влада, Панче Тошковски ќе биде технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика. За дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.