Ковачевски: Ќе ги ублажиме последиците од енергетската криза

news
Advertisement

На денешната Владина седница поминаа измените и дополнувањата на Законот за градење, кои ќе бидат доставени во собраниска процедура.

Advertisement

За ова информира премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил, од каде порача дека ова е доказ за посветеното работење на Владата за ублажување на последиците од енергетската криза.

-Креираме амбиент за граѓаните и деловната заедница да може да постават најбрзо, наједноставно и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја, напиша Ковачевски.

Информира дека процедурата која денеска е усвоена на Влада предвидува фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на правни лица до 40 киловати.

-Ги поедноставуваме процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи. Со ова излегуваме пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, а помагаме на домашниот електроенергетски сектор, наведува Ковачевски.

Испрати апел до пратениците проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.