Ковачки: Скандалот во Собрание со фрлање на листовите со амандмани е режиран од Талат Џафери и Димитар Апасиев

news
Advertisement

Според него, ваков настан, кога во процес е донесување на нов деловник, кога стариот „беше погазуван од Џафери и пратениците од СДСМ, а новиот е препорака од меѓународната заедница“ очигледно е дека се сака да се направи дефокус од темата за избори
Случајот во Собрание во кој пратениците од Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев ги фрлаа листовите на кои беа напишани мандатите е дефокус и сценарио режирано од Талат Џафери и Димитар Апасиев, оцени вечерва во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Advertisement

Според него, ваков настан, кога во процес е донесување на нов деловник, кога стариот „беше погазуван од Џафери и пратениците од СДСМ, а новиот е препорака од меѓународната заедница“ очигледно е дека се сака да се направи дефокус од темата за избори. Имено, како што рече Ковачки, настанот бил режиран со цел да се дефокусира денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски за тоа парламентарните и претседателските избори да се одржат заедно.

„Кога доаѓа на дневен ред деловникот од околу 1 500 амандмани им прифаќа помалку од триесеттина, а другите ги повлекуваат. Сега во меѓувреме кога Ковачевски вели двојни избори, доаѓаат од Левица нови 2 000 амандмани и ова му одговара и на Талат Џафери и на Левица. Имаше и хулигански испади, ама факт е дека и двете страни сакаат да зајакнат кај членството и прават вакви работи“,рече Ковачки.
Тој укажа дека Апасиев размислува само како да нанесе штета на опозицијата и да го разбие членството.

„Апасиев го штити Ковачевски, за да не се зборува за избори тој прави скандал“,рече Ковачки.

Денешната седница беше три пати прекинувана, а пратениците од Левица бараа таа да биде прекината и предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, додека пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса – компјутер, телефон и слично.

Пратеници до редакцијата на „360 степени“ испратија фотографии од, како што велат, „хаосот кој го оставија зад себе насилниците од Левица“.

Од СДСМ денеска порачаа дека одговорност за „дивеењето на Левица“ во Собранието мора да има и го повикаа надлежното јавно обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.