(ФОТО) Погледнете каков хаос во Собранието остави зад себе Левица, реагираат пратеници

news
Advertisement

Пратеници до редакцијата на „360 степени“ испратија фотографии од, како што велат, „хаосот кој го оставија зад себе насилниците од Левица“, откако пратениците на оваа партија предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, додека пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса
Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и два „против“ го донесe новиот Деловник за работа на парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на процесот „Жан Моне“.

Advertisement

За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, на АА и сите други освен двајцата пратеници на Левица.

Денешната седница беше три пати прекинувана, а пратениците од Левица бараа таа да биде прекината и предизвикаа инцидент со расфрлување на листовите од нивните амандмани, додека пратеникот Борислав Крмов искрши дел од инвентарот од претседавачката маса – компјутер, телефон и слично.

Пратеници до редакцијата на „360 степени“ испратија фотографии од, како што велат, „хаосот кој го оставија зад себе насилниците од Левица“.

На првото продолжение на 131. седница попладнево дојде до инцидент кога Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица почнаа да фрлаат со нивните амандамни за Деловникот кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој ја водеше седницата. Крмов, кој имаше процедурална забелешка, фрлаше со листовите од амандманите и ги искрши компјутерот и телефонот пред претседавачот на Собранието. Потоа, на Крмов му се придружи и Апасиев.

Апасиев од говорницата праша како може 12 амандмани да бидат прифатени, а другите да не бидат. Апасиев рече дека услов за тие да влезат во Владата по следните избори ќе биде претседателот на Собранието и предлагач на Деловникот, Талат Џафери, да оди во затвор.

Крмов, исто така, бараше да се прекине седницата фрлајќи го преостанатиот инвентар од претседавачкото место.

Левица поднесе над 2 000 амандмани за предлог-деловникот на Собранието. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, посочи дека се поднесени 2 461 амандмани од Апасиев и Крмов, кои не се уредни. Како што рече Џафери, 12 амандмани се уредни, а останатите не. Тој додаде дека три амандмани поднеле и пратениците Бедри Фазли и Илија Николовски и дека тие се уредни.

Од СДСМ денеска порачаа дека одговорност за „дивеењето на Левица“ во Собранието мора да има и го повикаа надлежното јавно обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави.

ИЗВОР: https://360stepeni.mk/foto-poglednete-kakov-haos-vo-sobranieto-ostavi-zad-sebe-levitsa-reagiraat-pratenitsi/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.