Косово поднесе жалба до ФИФА за навредите од селекторот Стојковиќ и од навивачите на Србија

news
Advertisement

Фудбалската федерација на Косово, соопшти денеска дека поднела жалба до Меѓународната фудбалска федерација ФИФА поради тешките навреди од страна на селекторот на Србија Драган Стојковиќ, и расистичките испади на навивачите на Србија во натпреварот од третото коло во групата Г на Мундијалот во Катар помеѓу Србија и Швајцарија.

Advertisement

Во соопштението се наведува дека истакнување на пароли со политичка содржина против Албанците, можела да се види и да се слушне во текот на натпреварот. „ФФК поднесе жалба до ФИФА со неопходните докази. ФФК бара од ФИФА истрага по повод овој случај, и бара Фудбалската федерација на Србија да биде суспендирана, за еднаш засекогаш да бидат исфрлени вакви скандирања од фудбалските стадиони и случувања какво што е Мундијалот“, се наведува во соопштението.

ФФК неодамна поднесе жалба и до ФИФА поради знамето во соблекувалната на репрезентацијата на која стои картата на Косово и на него натпис „нема предавање“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.