Advertisement
Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов им го честиташе големиот празник Илинден на сите граѓани.
Advertisement
Почитувани граѓани,
120 години од Илинденското востание и првата Република на Балканот.
79 години од Првото заседание на АСНОМ.
Уште којзнае колку години претходно сонување и стремеж кон востаничка епопеја и државотворен чин.
Два Илиндена – две огромни причини да бидеме среќни и неизмерно горди, но и исполнети со почит кон сите родољупци кои биле дел од настаните на 2 Август 1903 и 2 Август 1944 година.
Нека ни честит Денот на Републиката. Нека ни се вековити Двата Илиндена.
Advertisement