Кражба во новата зграда на Општина Струга, сторителот малолетник

news
Advertisement

Компјутери, лаптопи и друга техника била украдена ноќеска од новата зграда на Општина Струга, во која пред само неколку дена се преселила општинската администрација.

Advertisement

Полицијата утрово во 9 часот лишила од слобода малолетник, осомничен за кражбата.
Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општина Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Малолетникот, додаде, е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор.

За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.