КРИМ-ТЕХНИКА ОД МВР ВРШЕЛА УВИД ПО КРШЕЊЕТО И ФРЛАЊЕТО ХАРТИЈА НА КРМОВ И АПАСИЕВ ВО СОБРАНИЕТО

news
Advertisement

По кршењето компјутери и техничка опрема на пултот на претседателот на Собранието синоќа од страна на пратениците ид Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои го маваа и потпретседателот Горан Мисовски по глава со амандманите што ги поднеле за собранискиот деловник, увид по завршување на седницата извршила екипа на крим-техника од МВР.

Advertisement

„Увидот од страна на МВР е завршен. Во моментов се врши проценка од страна на собраниска комисија, осигурителна компанија и од Бирото за судски вештачења. После тоа ќе знаеме точно за висината на штетата”, рекоа утринава од Собранието.

Мисовски не возврати на мавањето со купови хартија по главата, а стаписана до него остана и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

На повиците на Крмов со растревожен глас: „Ајде повикајте обезбедување, исфрлете ме!“, кој стоеше над Мисовски, зад пултот, ни Мисовски, ни спикерот Талат Џафери не го сторија тоа.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за САКАМДАКАЖАМ.МК по седницата кажа дека штетата што е направена од кршењето во пленарната сала, треба да си ја плати тој што ја направил.

„Ние сме вработени во Собранието и ние сме одговорни за имотот и за инвентарот внатре. Вие смеете да кршите таму кај што работите? Не. Исто е и во Собранието. Ќе се формира комисија за утврдување на материјалната штета, сметката ќе оди кај тој што ја причинил. Не може граѓаните да ги плаќаат искршените компјутери“, смета Џафери.

МАТЕРИЈАЛНАТА ШТЕТА ШТО ЈА НАПРАВИ КРМОВ ОД ЛЕВИЦА ЌЕ СИ ЈА ПЛАТИ ТОЈ, ВЕЛИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ПОТСЕТУВА ДЕКА ОКОЛУ ГОВОРНИЦАТА ПРАТЕНИК НЕМА ИМУНИТЕТ
Пратеникот има имунитет само за кажаното на собраниската говорница. И само чекор од говорницата и околу неа, нема имунитет за тоа што го прави, потсети собранискиот спикер, додека екипата од МВР вршела увид.

Апасиев и Крмов беа револтирани дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и оти само 12 од нив биле исправни.Тие тврдат дека во иднина според новиот Деловник ќе се шверцуваат сите закони во Собранието, како што е сега случајот кога се користи „европско знаменце“. Сметаат дека во иднина опозицијата нема да може да го блокира носењето на некој закон.

Предлог-Деловникот беше постигнат меѓу најголемите партии во Собранието во рамки на дијалогот „Жан Моне“ започнат во Собранието пред околу пет години, со посредство на неколку европратеници.

Извор: https://sdk.mk/index.php/naslovna/krim-tehnika-od-mvr-vrshela-uvid-po-krsheneto-i-frlaneto-hartija-na-krmov-i-apasiev-vo-sobranieto/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.